Home » „Татко ми, Босфор“-нов роман на Јован Илиески

„Татко ми, Босфор“-нов роман на Јован Илиески

by culturalchat

„ Срцето ќе ми излезе од радост!

Со неизмерна возбуда ви го најавувам мојот нов роман со наслов „ТАТКО МИ, БОСФОР“. Долго го чекав моментов и сигурен сум дека ова е најдоброто од мене досега. Пресреќен сум што мојот нов роман е во рацете на Антолог. Се надевам дека го оправдав вашето чекање и новиот роман „Татко ми, Босфор” ќе го прочитате со исто срце како што и јас го напишав“, вели младиот и талентиран писател Јован Илиески, за неговиот најнов роман.

Романот сѐ уште не е во продажба, а промоција на истиот ќе има и во Тетово, и во Скопје. Деталите околу продажбата наскоро ќе бидат објавени.

„Ве сакам и едвај чекам да ве известам кога ќе може да го имате во свои раце“, додава Илиески. Овојпат читателите преку книгата патуваат во Истанбул.

„ Инспирацијата ја има насекаде. Јас овојпат, ја најдов во Истанбул. Град на два континенти, град на милион и една приказна. Не можеш да не се инспирираш таму, а да си уметник од било кој аспект“, вели Јован.

Го запрашавме што го фасцинираше кај овој град и посебно во културата и традицијата.А еве што тој ни изјави:„ Сум видел и поубави градови од Истанбул, но, она што сигурно ми остави впечаток за овој град е неговата суровост на животот, а истовремено место кое што плени со магија и богата култура. Животот таму е посиромашен од овој овде, а луѓето уште живеат со надеж за подобро утре, со насмевки, со ведрина.

И исто толку колку што има насмевки, има и мистичност, има мрак, има трагични животни приказни. Ете, јас решив да раскажам една од тие приказни“.

Додека со нетрпение ја очекуваме промоцијата, ви го пренесуваме сижето на романот како дел од магијата на целиот.

На самиот крај од XIX век и почетокот на XXI век, некаде помеѓу современиот свет и почетокот на падот на Османлиската држава, се случуваат две, навидум различни приказни.

Камила Џалал е посветена детективка која ќе го преврти Истанбул за да ја најде причината за смртта на нејзиниот сопруг.

Но, Камила Џалал е и девојка која по низа несреќни случаи во нејзиниот живот почнува да станува блиска со луѓето околу султанот во сарајот Јилдиз. Додека се приближува крајот на династијата и соборувањето на султанот Абдулхамид од престолот, на другата страна од времето, Босфор трага да го најде чудовиштето зад серија убиства коишто ја згаснаа светлината на градот.

Што имаат заедничко девојките со исто име?

И двете живеат за едно нешто. Да ѝ најдат смисла на смртта.

Јован претходно ги напиша: „Соба 610“, “Душа на парче хартија”, “Кругот на животот”, “Сенки на полноќ” и “Ноќта кога ја напуштив Прага”.

 

Related Articles