Home » Трибина на тема „Како до поголема самодоверба кај учениците “во Битола

Трибина на тема „Како до поголема самодоверба кај учениците “во Битола

by culturalchat
Во НУУБ „ Св. Климент Охридски“-Битола се одржа трибина на тема „Како до поголема самодоверба кај учениците “. На трибината говореа м-р Фатма Бајрам Аземовска библиотекар од библиотеката, Александра Мицевска, психолог од ПЗУ Психомедика, , д-р Аница Златевска, психолог во ОУ „Коле Канински“ и Александра Здравевска, наставник по физичко и здравствено образование во ОУ „Коле Канински“.
Присутните ученици од шесто и седмо одделение предавачите преку совети ги насочуваа како да ја подобрат нивната самодоверба, како да веруваат во себеси и како да се почитуваат, сакаат, ценат и вреднуваат.
„Самодовербата значи колку сме сигурни во себе, колку се цениме и сакаме себе си. Веруваме дека секој од нас се цени и сака себе си во помала или поголема доза. Некогаш е интересно што несвесно многу пати себеси се забораваме, се ставаме на последно место. На сите нас некогаш ни се случило да имаме доза на ниска самодоверба. Причините за ваквиот вид на чувство се најразлични, затоа оваа трибина имаше  за цел да ги детектира причините кај учениците и како да ги избегнеме, а со тоа да си ја зајакнат самодовербата и самопочитта кои се тесно поврзани една со друга“, беше истакнато на трибината.
Во практичниот дел на истата се вклучија голем број од присутните ученици. Тие кажаа по 3 позитивни и 3 негативни работи за себе, со што покажаа како тие размислуваат за самодовербата.
„Би сакале за крај да се заблагодариме до директорот на училиштето Дијана Толевска Христовска, заменик директорот Ивона Велјановска и Марија Наумовска претседател на Советот на родители при ООУ„Коле Канински“-Битола за идејата за реализираме заедничка активност на Библиотеката и училиштето“, истакнаа од библиотеката.
Во холот на библиотека е поставена изложба на книги кои се на тема самодоверба и кои можат да послужат во креирањето на здрава самодоверба.

Related Articles