Home » Унгарското дуо БудаПесни вљубеници во македонската музика

Унгарското дуо БудаПесни вљубеници во македонската музика

by culturalchat
Дуото од Будимпешта „Буда Песни“,вљубеници се во балканската музика и секако македонската. Идејата за создавањето на ова дуо се родила за време на Ковид периодот, кога изведуваат онлајн концерти со репертоар на балканска музика. Склучуваат соработка со „Три српски кафеани“, но и со многу други места низ Будимпешта каде го изведуваат својот репертоар. Велат дека посетителите се повеќе се заинтересирани за нивните настапи, а и самите се уверивме во тоа затоа што картите беа целосно распродадени. Дуото го сочинуваат Бенедек Рети на хармоника и Вероника Варга вокал. „ Една од најголемите придобивки од концертите е што и на музичарите од различни балкански земји кои живеат во Будимпешта им се допаѓа она што го работиме и некако нè гледаат како нивен културен претставник, што е прилично гордост за нас“, ни изјавија на почеток на разговорот со нас. Заедно свират повеќе од 10 години. А околу идејата за изведба на македонски песни ни изјавија: „ Нашиот заеднички репертоар е составен од различни јазици, различни држави од балканот. Ни се допадна македонската музика кога ја слушнавме и се одлучивме да ја вметнеме во нашиот репертоар.Со оглед на тоа што имаме различни тематски концертни вечери овде, вклучивме и македонска вечер на која публиката доста добро реагира“. Вероника Варга – на многумина е позната и како член  на Бабра групата.Води и работилници за  етно музика, работи како уметнички тренер, но првенствено е музичар и пејачка.Двајцата заедно со Бенедек се дел и од други музички состави. Ги запрашавме колку македонскиот ритам им беше предизвик за изведба? „ Изминатите 10 години, од кога ја учам оваа музика, ритамот е во прв план.Всушност ако учите полека и слушате внимателно и ако навистина сакате да научите да ја изведувате оваа музика, тогаш тоа е можно.Но секако тоа не смее да е избрзано, треба време. Уште подобро е ако имате можност да ја слушате македонската и воопшто балканската музика во живо кога некој ја изведува. Во секој случај сето ова бара многу вежбање “, ни изјави Бенедек и додаде: „ За мене најтешка за изведба од балканските песни е Ибраим оџа, како што броев е во 12 осмински ритам, а на некои снимки беше во 11 осмини. Така што прво ја научив во еден ритам па потоа со друг ритам“. А за предизвикот околу пеење на македонски јазик Вероника ни рече: „ Морам да кажам дека е вистински предизвик. Има некои слични зборови со српскиот јазик, но сепак е доста различен.Тука е и изговорот, треба јасно да се испее таа песна за да може и посетителите да ве разберат. Не е мој мајчин јазик, никогаш не сум го слушала, немам потекло од овие држави, но многу ми се допаѓа македонскиот јазик и едноставно во исто време е и предизвик, но и задоволство да се пеат македонски песни“. Дуото изведува и српски, грчки, босански песни. „Нашиот заеднички репертоар е составен од различни јазици, различни држави од Балканот. Ни се допадна македонската музика кога ја слушнавме и се одлучивме да ја вметнеме во нашиот репертоар.Со оглед на тоа што имаме различни тематски концертни вечери овде, вклучивме и македонска вечер на која публиката доста добро реагира“, изјавија Вероника и Бенедек. „Од една страна, со овие четири области, веќе го покриваме речиси целиот Балкан, а од друга страна, според нашите досегашни сознанија, овие песни сега можат да се прикажат на најдобар начин. За среќа, интересот за нашите концерти постојано расте, но сè уште не сме откриле во што е тајната. Можеби, од една страна, може да биде привлечно што можете да слушате музика во живо што не ја слушате често, не на овој начин и не на многу места во Унгарија“, додаваат тие. Тука се песни кои не толку често се слушаат во Македонија, но ова дуо се одлучи да ги обработи. „ Се работи за нашиот заеднички вкус за музика, ги истражуваме постарите песни. Ги почитуваме секако новите, но има нешто што повеќе не привлекува во традиционалните песни кои не толку често може да се чујат. Чувствуваме некоја силна поврзаност . Музичарите денес се прекрасни, но изведувачите од тоа време нам ни се поавтентични, звукот и изведбата на песните ги пренесувале на таков начин што веднаш се лепат за вашето срце“. Тие немаат потекло од балканските земји, но ја сакаат балканската музика. „Во оваа насока, музичкиот свет на Балканот за нас е како дом. Затоа за нас,  така да кажеме небалканците, е важно да ја пренесеме суштината на она што можеме да го доживееме и научиме од оваа музика што е можно подобро“, ни изјавија Бенедек и Вероника. За името на групата БудаПесни, ни кажаа: „ Тоа е комбинација од : Будимпешта, нашата „база“, каде живееме и балканската музичка култура на која сме толку посветени. Најчесто зборуваме за стилски карактеристики, тембри и став и се трудиме на некој начин да ги синтетизираме. Се разбира, колку и да се доближуваме до оригиналниот звук со текот на времето, начинот на кој ги изведуваме песните никогаш нема да биде баш онака како што ги пеат таму, сепак, знаеме дека сме способни да додадеме нови вредности и нови мисли на оваа музика“. Ни открија и мала тајна односно дека ќе имаат соработка со Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта.

Related Articles