Home » Учениците од Француската Алијанса го посетија Париз

Учениците од Француската Алијанса го посетија Париз

by culturalchat
Секоја година француската Алијанса организира патувања во Франција. З оваа година го избраа градот на светлината, Париз. Петнаесет деца од 15-16 години беа таму седум дена во рамките на програмата за изучување на јазикот. „Една од нашите цели е и откривање на културата преку патувањата и посетувањето на градови во Франција, а овој пат беше Париз. Со богата програма се посетија голем дел знаменитости, познати квартови и можеше да се почувствува брзиот живот на парижаните“, ни изјави директорката на алијансата Каролина Потел Златевска. Тие на ова патување ги посетија: Монмартрот, операта, Музеите Лувр, Орсеј, Пикасо, Инвалидите, центарот Помпиду, Големата џамија, Нотр Дам, градините на Луксембург, Триумфалната капија и се разбира Ајфеловата кула како и уште многу други места. Веднаш по враќањето заедно со Асоцијацијата Пелагонија и Американското Катче Битола, трета година по ред отворија конкурс посветен на позеијата на тема „Те молам, извини, благодарам“, на која ги повикуваат сите тинејџери кои сакаат да творат на македонски, англиски, француски или грчки јазик. Целта на овој отворен повик е да се потсетиме сите заедно дека љубезноста е секогаш во мода! Испратените творби ќе бидат уредени и издадени во заедничко електронско издание од страна на организаторите.
Детали за учество на повикот:
– Секој/а заинтересиран/а ученик/чка може да достави неограничен број на свои оригинални творби на еден од следните јазици: македонски, англиски, француски или грчки;
– Секоја поетска творба може да биде придружувана од една (1) слика или фотографија изработена од страна на истиот/тата ученик/чка, со цел додавање на илустрација на сопствената поезија;
– Творбите да се испратат најдоцна до 31.10.2022 на електронската адреса: [email protected];
– Со испраќањето на творбите, авторите се согласуваат истите да бидат јавно објавени во заедничкото електронско издание.
Електронското издание ќе биде презентирано пред битолската публика на јавен настан!

Related Articles