Home » Филмот „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски доби поддршка од Еуримаж

Филмот „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски доби поддршка од Еуримаж

by culturalchat

Дебитантскот филмски проект „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски доби поддршка од паневропскиот филмски фонд Еуримаж, на 168-та сесија што се одржа во март годинава.

„Диџеј Ахмет“ е избран во конкуренција со 76 европски проекти и е поддржан со 160.000 евра. Од Македонија, како мнозински копродуцент, продукцијата ја потпишуваат „Синема футура“, „Сектор филм“ и „Протим видео продукција“, а проектот ќе се работи во копродукција со „Алтер висион“ од Чешка и „Бекрум продакшн“ и „Баш челик“ од Србија. Турскиот ТВ-канал ТРТ исто така е заинтересиран и веќе најави финансиско учество во овој проект.

Од 2018 до денес, од Еуримаж се поддржани вкупно 14 проекти. Овие 14 проекти во изминатиов период добиле вкупна финансиска поддршка од 2,25 милиони евра, што доволно јасно зборува за квалитетот на македонската кинематографија и на македонските филмски работници.

Related Articles