Home » (Фотогалерија) Божиќен концерт на Камерниот оркестар на Битола IW Connect

(Фотогалерија) Божиќен концерт на Камерниот оркестар на Битола IW Connect

by culturalchat

Во чест на божиќните празници, во Центарот за култура во Битола Камерниот оркестар IW Connect одржа Божиќен концерт, под диригентска палка на Владимир Димовски. Посетителите на концертот уживаа во добро познатите божиќни хитови, па и пееја заедно со солистите и изведувачите од хоровите.

Па така концертот го отвори Ања Гроздановски член на детскиот хор Ѕвончиња, а после неа како солисти настапија Наде Талевска, Агни Авшар, Марија Цветановска, Емилија Ристевска, а тука беа и детскиот хор Ѕвончиња и хорот Коруновска Арс Нова, под диригентска палка на Марина Коруновска.

На крај диригентот Владимир Димовски засвири на виолата на членот на Камерниот оркестар Дејан Арсиќ, а како диригент настапи Марина Коруновска.

На концертот присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Пред Новата година со одлука на Владата, а на предлог на ресорното министерство битолскиот Камерен оркестар е прогласен за нова национална установа заедно со Музичкиот театар-Тетово и Меморијалниот музеј во Смилево.

 

 

 

Related Articles