Home » Хрватската претстава „Повеќе среќа следниот пат“ овој петок во Тетово

Хрватската претстава „Повеќе среќа следниот пат“ овој петок во Тетово

by culturalchat

Урнебесната комедија „Повеќе среќа следниот пат“, на театарот ЗАмКа од Загреб ќе биде изведена овој петок во Тетово, на 11.11.2022 година, во АРМ / Музеј на тетовски крај, со почеток во 19 часот. 

Во организација на Македонско – хрватското друштво, театарот ЗАмКа премиерно во Тетово ќе настапи со комедијата, која се изведува на кајкавски дијалект. Претставата е победник на 21-та смотра на театарски аматери на Загребачката жупанија.

Зелинскиот аматерски театар – ЗАмКа постои од 1993 година, а има успешни остварувања во Хрватска и надвор.

Јожа или Јозеф, долги години живее во Германија. Материјално ситуиран, но незадоволен, бидејќи неговиот син единец Ханс, до својата 35 година останува неженет. Јозеф сака да му помогне на синот, па одлучи да дојде во родниот крај и да најде девојка. Ханс не знае за татковите намери, па со него оди кај фамилијата на село. Селските жени тука гледаар добра прилика за своите ќерки и внука, па станува вистина борба за Хансовата наклоност…

Влезот е слободен.

Related Articles