Home » Шпанската монодрама „Крвава свадба“ изведена на Фестивалот на монодрама

Шпанската монодрама „Крвава свадба“ изведена на Фестивалот на монодрама

by culturalchat

На Новата сцена од Центарот за култура беше изведена монодрамата „Крвава свадба“ на театарот Абрего Кантабрија, Шпанија.Претставата е по мотиви од Ф.Г. Лорка, адаптација Пати Доменек, режија Хорхе Лопез и Пати Доменек, актер Мариа Видал.

Ко-продукцијата на Abrego Productions (Шпанија) и Desdelsur Theatre (Аргентина), започнува како резултат на висцералната конфронтација помеѓу строгите вредности наметнати од страна на законите и бескорисната крвава борба на некој кој продолжува да се бори со цел да задржи мал дел од индивидуалната слобода, и покрај тоа што е дел од тоа општество.

Првиот одраз е делегитимирање на политичкото и родовото насилство или неговата употреба како поетска дозвола. Ова дело започнува како истражувачки процес на “Универзумот на Лорка” до иновативно сценско дело. Го крши “конвенционалниот Лорка” и го претвора во нешто “полорковско”, со тоа што во исто време е театар кој истражува и театар кој е иновативен. Како и сите претстави на Пати кои се напишани повеќе за изведба отколку за читање- постојано се стреми кон независност на изведувачките уметности во однос на драмската литература, со цел да се врати интегративната функција на сцената назад кон изворниот театар.

Лорка успева да допре до публиката одвоена од театарската естетика, со внесување на основните проблеми на шпанското општество преку фарса, комедија, иронија и драма кои биле причини за најозогласените скандали и контразверзии на неговото време. „ Како што и Лорка направи, ние си поставивме цел да ја пресоздадеме приказната во која поетот врз основа на својата работа, создава жива и релеванта изведба достапна на современата публика, давајќи му на изведбата критичка и креативна функција. Со други зборови, воведување идеи и предлагање важни прашања со цел да се ажурира митот во нов контекст“, истакнуваат од претставата.

Во ова интердисциплинарно шоу каде се комбинираат пеењето, фламенго и современите танци, глумата и видео проекциите се испреплетуваат три трагични приказни. Приказната за вистинските луѓе кои го инспирираа Лорка во 1928 година, приказната на мајката, месечината и невестата од драмата на Лорка и приказната на Федерико, како главен актер во претставата која завршува со апсурдна смрт.

Мајката, Невестата, Месечината, сите несомнено трагични ликови, се појавуваат во оваа монодрама што ја следи идејата која почна со “Срцето на Антигона”, како нов и возбудлив предизвик и за Мариа Видал, актерката која ги игра ликовите, како и за новата публика. Фотографии: Диоген Хаџи Коста Милевски

Related Articles