Home » 30 години уметничко атеље и академија Пердика

30 години уметничко атеље и академија Пердика

by culturalchat
Во Офицерскиот дом беше презентирана изложбата на копаници – „30 години Уметничко Атеље и Академија Пердика“. Ова уметничко ателје е единствено во Македонија кое кое професионално се занимава со изработка на ентериер и екстериер од масовно дрво. “Пердика“ во изминатите 30 години израсна од семејството Крстевски.Во атељето работат сите членови од семејството, Гоце како основач, Мирјана е задолжена за цртежите или скиците, тука се и Митко ( магистер за применета уметност) и Филип Крстевски, уметник кој последните десетина години сите резби, експонати или елементи од иконостаси ги завршува и го дава последниот изглед на истите. Гоце Крстевски учествувал на повеќе од 100 самостојни и групни изложби како и колониии. Учествувал и на светскиот саем за ентериери заедно со 12000 излагачи во Минхен, Германија како претставник од Македонија. Организирал бесплатна школа за копаничарство во Битола. Во 1993 е иницијатор за формирање на здружението за копаничари ЗКМАК како и здружението ЗЗ Ермина. Автор е на книгата „Душата на дрвото“, добитник на повеќе први награди за копаничарство, прогласен е од различни асоцијации како најуспешен битолчанец. За 30 години, во ателјето се изработени голем број на дела од минијатури до монументални иконостаси во Македонските храмови во земјата и светот. Уметнички дела има насекаде низ светот, кај колекционерите, политичарите, вљубениците во резбата, исто така голем дел од 30  годишната работа се посветени на реставрација на иконостаси. Ателјето “Пердика“ до сега има изработено голем број иконостаси во Македонија во храмовите “Св. Никола“ – Крушево, “Св. Георги“ – Кнежевски манастир, “Св. Петар и Павле“ – Кичево, “Св. 40 маченици“ – Битола, “Св. Петка“ – село Цапари, “Св. Петар“ – Смилевски манастир, “Св. Варвара“ – Добреноец. Во текот на овие 30 години комплетно го реставрираа иконостасот и тронот на владиката во црквата „Пресвета Богородица“ Битола, скоро сите најважни елементи во „ Св. Димитрија“, како царските двери, троновите и сл, ентериерот на претседателскиот кабинет во собранието на Македонија и други. Во странство “Пердика“ има свој печат ставено во црквата “Св. Димитрија“ – Волонгог, Австралија. Уметничкото алтелје „Пердика“ остана и можеби е единствено кое ја негува македонската резба и остава зад себе експонати и иконостаси како вечни изложби кои раскажуваат за уметничкиот опус на професионалците, уметниците кои го сочинуваат.

Related Articles