Home » Битолскиот театар го доби највисокото општинско признание -наградата 4.Ноември

Битолскиот театар го доби највисокото општинско признание -наградата 4.Ноември

by culturalchat

НУ. Народен Театар Битола,се закити со уште едно големо признание, наградата ,, 4 Ноември” за достигнувања од областа на културата која ја доделува Општина Битола.

Во образложението од општината стои:

„Заради големите достигнувања во театарската уметност, Битолскиот театар ја добива оваа награда. Денес може да се пофали со 5 премиери, како и со мноштво високи награди на домашни и меѓународни фестивали во земјата и странство, и со епитетот најдобар театар во нашата земја и во регионот. Наградата е посветена на целиот колектив на Националната установа Народен Театар Битола, на сите оние кои директно учествуваат во создавањето на театарските претстави, на оние кои се на сцената, пред и зад неа. За сите уметници и луѓе кои веруваа дека театарот е наша терапија, лек, љубов… И храброста своето парче душа во овие мачни времиња, да го споделат пред Битолчани.Денес НУ Народен Театар Битола е институција која претставува врвен домашен и меѓународен репрезент на вредностите на македонската култура. Од 1944 година до денес во театарот се одржале над 570 премиерни изведби, а изведени е повеќе од 15.000 претстави кои ги гледале близу 5 милиони вљубеници во театарот“.

Наградата ја превзеде директорот на Битолскиот театар, Иван Јерчиќ кој истакна:

„ Наградата на НТБ е награда на сите вработени во театарот, од админстрацијата, преку луѓето зад, околу сцената и во кабините и работилниците, режисерите, сценографите, костимографите, до најважната алка актерите… Пред точно десет години, токму на овој ден, скоро во исто време со доделувањето на наградите, стигна до мене веста дека мајка ми го напушти овој свет. Жената која ме роди, одгледа, воспита… Својот скромен придонес и заслуга за наградата ѝ ги посветувам нејзе“.

НТБ. бил и ќе биде еден од главните амбасадори надвор од рамките на нашата земја, ставајќи ја Битола на културната мапа на регионот и Европа.

„Наградата од нашиот град во кој континуирано 79 години ја градиме културата е една од позначајните, зашто тоа ни потврдува дека НТБ водечка институција од областа на културата која се грижи за културното издигнување на Битолчани, едуцира и привлекува нова, млада публика, се обидува да го промени светот со својата уметност.Сите признанија од изминатата година само ни потврдуваат дека сме на вистинскиот пат и не обврзуваат, следната наша јубилејна 80та година, да бидеме уште подобри. На крај ви благодариме Вам наша драга публико, без Вас сите победи би биле безначајни! Аплаузот овој пат е за вас! Ваш НТБ“, изјавија од Битолскиот театар.

Related Articles