Home » Битолчанецот Марко Поп Ристов одржа семинар во Прилеп

Битолчанецот Марко Поп Ристов одржа семинар во Прилеп

by culturalchat

Во просториите на ООМУ “Ордан Михајлоски-Оцка” во Прилеп се одржа семинар по виолина на кој учествуваа учениците кои го изичуваат овој инструмент. Семинарот го водеше еминентниот виолинист битолчанецот Марко Поп Ристов. Одлично искуство за учениците и за професорите.Марко Поп Ристов дипломирал на Ројал Колеџ оф мјузик (Лондон) во 2009 година. Се здобил со титулата магистар по камерна музика на музичкото и драмско училиште Гилдхол во Лондон, а во истиот период го имал и своето деби во Барбикан во 2012 година. Има добиено повеќе први награди на различни интернационални натпревари. Свири како солист со Кенсингтон симфонијата (Британија), Orchestra dei Ragazzi (Италија), Битолскиот камерен оркестар и оркестарот на Македонската филхармонија. Од неговото одење во Нов Зеланд во 2013 година, Марко е редовен изведувач во Филхармонискиот и Камерниот оркестар на Окланд, а воедно е и водач на втори виолини во оркестарот „Бах музика“. Во 2019 Марко го оформи клавирското трио Orion Piano Trio со кого во истата година остварија турнеја низ Европа со 7 концерти. Во 2021 Марко  доби целосна стипендија за докторски студии на универзитет Waikato University во Нов Зеланд.

 

Related Articles