Home » Вечер во Битола: 49-та годишна изложба на ДЛУБ

Вечер во Битола: 49-та годишна изложба на ДЛУБ

by culturalchat

Во рамките на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, во Кристалната сала на Офицерскиот дом, ќе биде презентирана годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници од Битола. На 49 -то издание кое ќе се одржи вечер со почеток од 20 часот, ќе се претстават 35 членови од Битола, Прилеп, Ресен, Куманово, Кавадарци, Струга, Струмица и Скопје. Учесници за 2023 се: Александар Поповски, Андреј Мајановиќ, Бојана Артиновска, Бојана Тошевска, Буба Мешкова Солак, Валентина Илијевска, Вангел Крстиновски, Ване Костуранов, Ванчо Кеков, Васко Ѓоргиев, Владимир Илиевски, Владимир Младеновски, Дејан Макаријоски, Димитар Димитров, Димитри Балојани, Душан Шешиќ, Ѓорги Зајаковски, Елизабета Костова, Златко Крстевски, Златко Лечковски(гостин), Лара Ташковска, Љупка Галазка Василев, Маја Танева, Марјан Котевски, Мартин Јакимовски (гостин), Нела Петровска, Николче Српчански, Оливера Лазаревска-Оља, Панде Петровски, Петар Кирановски, Роберт Михајловски, Слободан Рајчевски, Стефан Анчевски, Тони Попов и Филип Јовески.

На оваа изложба се доделува наградата „Борислав Траиковски“, за најдобро ликовно остварување во чест на еден од највлијателните македонски дејци во уметноста и еден од првите повоени образовани ликовни уметници. Наградата ја доделува Комисија составена од историчри и критичари на уметност, реномирани уметници, културни дејци и член на фамилијата Траиковски.

„Оваа изложба  бележи  пресек на ликовни остварувања на членовите  изработени во последната година. Општ впечаток е дека доминираат дела на млади креативци  кои веќе го изградиле или се обидуваат да го трасираат својот творечки пат.

Изложбата има емотивна и духовна вредност поврзана со Борислав Траиковски, уметник кој остави печат на ликовниот живот во Битола“, истакнува Лиљана Христова – историчар на уметност, виш кустос. Член  на Друштвото на Историчари на Македонија и на Меѓународното здружение на ликовни критичари (А1СА).

Владо Ѓорески – уметничкиот директор на Меѓународното графичко триенале во Битола, и кустос за современа уметност при националната установа Завод и музеј – Битола вели:

„Друштвото на ликовните уметници од Битола е создадено пред повеќе децении со одредена цел, причина и општествена улога кои во повеќедецениското опстојување се менувале во различни насоки и мотивации, докажувајќи ја оправданоста и неопходноста од ваква формација, која секогаш била во насока на спасување, поттикнување и афирмација на креативноста и визуелниот израз“.

Друштвото на ликовни уметници на Битола (формирано пред 49 години) има значаен удел за развој и афирмација на ликовната уметност во Битола, град со богата културна и уметничка традиција. Друштвото во сите тие години организира групни и самостојни изложби, ликовни настани како и архивирање на ликовни материјали.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Македонија.

 

 

 

Related Articles