Home » Викендов во Битола ќе се одржи работилницата „Артистот и музичката индустрија“

Викендов во Битола ќе се одржи работилницата „Артистот и музичката индустрија“

by culturalchat

Независната музичка сцена Битола, во рамките на мини проектот „Зајакнување на независната музичка сцена во  Битола“, поддржана од европската фестивалска мрежа MOST и Creative Eu ќе одржи работилница наменета за зајакнување на капацитетите и вештините на локалните музички артисти и организации кои работат со нив.

Темата на работилницата е : Артистот и музичката индустрија- Бизнис релација или долгогодишно исксутво?, со Атанасија Гулевска-АТА.

На работилниците ќе се зборува за различните аспекти на градење музичка кариера, од гаража до фестивали, начин на градење препознатливост, запознавање во музичката индустрија и релации, примери за успешни младински организации на ова поле и др.

Настанот ќе се оддржи во Сабота 01.07 со почеток во  11.00 ч. во Кристалната сала на  Офицерски дом-КИЦ Битола, партнери на проектот.

Независната музичка сцена со поддршка на мрежата MOST има за цел да ги мотивира музичките артисти на локално ниво да се здружат, да ги детектираат своите потреби и во соработка со локалната самоуправа и други истанци да ги решаават во правец на подобрување на условите за креирае, градење музичка кариера и др.

Паролата на оваа иницијатива е „За бенд ти треба  френд“, стара бендовска изрека која алудира на тоа дека само здружени можеме да постигнеме промени.

 

 

Related Articles