Home » Гламурозна Оскаровска ноќ во Македонската опера и балет

Гламурозна Оскаровска ноќ во Македонската опера и балет

by culturalchat

Во пресрет на 96. доделување на филмските награди „Оскар“, во Македонската опера и балет задутре се одржа првата Оскаровска гала вечер. Најубавите филмски песни наградени со „Оскар“беа изведени од врвни поп и оперски пејачи во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет и Националниот џез оркестар. Па така на сцената публиката имаше можност да ги погледне изведбите на : Весна Ѓиновска-Илкова, Наде Талевска, Андријана Јаневска, Маја Гроздановска Панчева, Ана Петановска, Ана Мицковска, Тамара Раѓеновиќ (Црна Гора / Англија), Игор Дурловски, Горан Наумовски, Даниел Данн, Христијан Тоневски, Денис Димоски, балетска солистичка двојка од Национална опера и балет Ендру Кук (Англија) и Саша Евтимова Танцова двојка од ТСК Ритам плус, Андреј Димоски и Ангела Спировска .

Диригент беше Бисера Чадловска, а настанот беше во режија на Дејан Прошев, Концерт мајстор Верица Ламбевска.

Беа испеани Moon River, Shallow, My Heart Will Go On, Take My Breath Away, Purple Rain, Shallow, Happy, Beautiful Maria of My Soul, Endless Love, I Have Nothing, но и музиката од Godfather и Star Wars. Водителка беше Миланка Рашиќ. Присутните имаа можност да уживаат во гламурозната прослава на филмската магија и песните кои низ годините станаа големи светски хитови и се дел од историјата на седмата уметност.

 

 

 

 

 

Related Articles