Home » Голема заинтересираност за филмот „Јорговани“ во Битола

Голема заинтересираност за филмот „Јорговани“ во Битола

by culturalchat

Центарот за култура во Битола беше исполнет со вистинско културно доживување. Првата проекција на српскиот филм „Јорговани“ беше неверојатно искуство, со сала полна до посленото место. Слобода Миќаловиќ и Иван Босиљчиќ по 15 години на филмското платно повторно се заедно. Тие заедно играа во сериите „Ранетиот орел“ и „Непобедливо срце“.Дали е можна вистинска љубов зад филмските камери? Што го крие очигледниот гламур на популарноста? Дали партнерите на сцената стануваат ривали кога ќе паднат маските? Ова се дел од прашањатаа во откачената и по малку сатирична приказна, пародија на српската хиперпродукција на снимањето серии, која ја носи омилена актерска двојка во филмот „Јорговани“ на Синиша Цветиќ.За режисерот овој филм има многу изненадувања.

„Тоа е затоа што ангажирав актери кои се веќе познати од серии како ‘Ранетиот орел’ и ги прикажав во сосема ново руво. А, луѓето не го очекуваат тоа, така што некои можат да бидат позитивно изненадени, некои негативно. Тоа беше идејата, да направиме еден експеримент кој ќе биде хит во кината. Така луѓето имаат за што да зборуваат и повеќе одат во кино“.Катарина (Слобода Миќаловиќ) и Игор (Иван Босиљчиќ) се актери кои се заедно и на екранот и надвор од него. Заслепени од блесоците и оглушени од аплаузите, Катарина и Игор, иако неразделни, долго време ниту се слушнале, ниту се виделе, до доделувањето на наградите за најдобра серија на годината, каде ќе се собере целата екипа. Таму јасно се гледа и лицето и реверсот на филмската и телевизиската индустрија во Србија денес, ќе стане јасно дека нивните животи се поголема мелодрама од онаа што ја снимија. Во останатите улоги се:  Гордан Кичиќ, Милутин Мима Караџиќ, Исидора Јанковиќ, Јован Јовановиќ, Павле Чемерикиќ, Небојша Дугалиќ. Свечената премиера на филмот  се одржа на 27. февруари во рамките на натпреварувачката програма на фестивалот ФЕСТ, а во кината ширум Србија и регионот од 29 февруари. Досега филмот го погледнале над 100.000 гледачи.

 

 

Related Articles