Home » „Градиме нови мостови преку уметност и култура“- посета на џамија

„Градиме нови мостови преку уметност и култура“- посета на џамија

by culturalchat

Во рамките на проектот „Градиме нови мостови преку уметноста и културата“ на ден 27.11.2023 година, членовите на Сумнал,  ја посетија Исак џамија. Оџата Јусуф Аслани ги пречека на влезот на најубавата битолска џамија, која е сместена од левата страна на реката Драгор и заедно со Јени џамија и Саат-кулата го одредувале јадрото, односно центарот на отоманска Битола.
Целта на посетата беше да се зголеми меѓусебното културно разбирање преку учењето за религијата и обичаите на малцинството со воведување на уметноста на калиграфити претставени внатре на ѕидовите.
Во проектот како партнери се вклучени основните училишта „Ѓорѓи Сугарев“ и “Даме Груев“ од Битола.
„ Им благодариме на битолското муфтиство, а особено на муфтијата Амит Расими и оџата Орхан од Битола за гостопримството“, истакнуваат од Сумнал.

Bo наредниот период ќе ги посетат православната и католичката црква, Музејот и Археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис.
Проектот „Градиме нови мостови преку уметноста и културата“ е финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје преку нивниот младински меѓукултурен уметнички фонд „Градиме нови мостови“.

 

Related Articles