Home » Два полни концерти на Каролина Гочева во Скопје

Два полни концерти на Каролина Гочева во Скопје

by culturalchat

Каролина Гочева одржа два полни концерти во петокот и во саботата во скопскиот клуб „Пјур“.На истите таа два часови пееше, му посвети песни на Тоше и одлично се забавуваше на својот концерт заедно со публиката. Настапот го започна со „Тој“, по што следуваа „Без оглед на сè“, „За нас“, „Сакај ме“, „Милениум со тебе“, „Само за тебе“, „Умирам по тебе“.

Поводот беше 1. март, како еден од нејзините истоимени хитови, а Гочева рече дека овој ден го чувствува како свој празник. Песната е дел од албумот „Во заборав“, кој излезе во 2005. Ова е четвртиот албум на поп-пејачката и се смета за еден од нејзините најуспешни. Влатко Стефановски, Калиопи, Џибони, Златко Ориѓански, Дарко Димитров, Весна Малинова, Младен Марковиќ, Бајага и Дино Мерлин се дел од авторите на песните.

За песната „Капка под небото“ откри дека ѝ е омилената песна, а за своја душа, но и за мерак на публиката му посвети мал дел и на Тоше Проески, па ги испеа „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ и нивната дуетска песна „Немир“.

Концертите на Каролина се секогаш полни со публика. Некои од позабележителните се во Филхармонијата и Операта, каде што на крајот од 2022 и во почетокот на 2023 одржа седум концерти со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, „Борис Трајковски“ , некогашниот Скопски саем, Универзалната сала и стадионот на АРМ и сл. На концертите ги испеа и „Ќе биде сѐ во ред“, до „Ајде да летаме“, „Само за тебе“, дуетот со Врчак од 1990-тите и други.

На сцената со неа беа и придружните вокали Ана Костадиновска и Сара Пројковска, а настапи и со композиторот Никола Мицевски. Следува концертот во Гевгелија на 9.март.

Фотографии Александар Златановски.

 

Related Articles