Home » Две години постоење на Македонскиот камерен хор во Нов Зеланд

Две години постоење на Македонскиот камерен хор во Нов Зеланд

by culturalchat
Македонскиот Камерен Хор во Нов Зеланд, прославува две години од своето формирање.Неговите почетоци беа во 2021 година. Основачи се македонските музичари Саше и Ирена Ангеловски кои се организатори и раководители на работата со хорот. Целта на Македонскиот Камерен Хор е промовирање и зачувување на македонската култура и македонското музичко творештво, раздвижување и збогатување на културниот живот на македонската заедница во Нов Зеланд, претставување на македонската музика рамо до рамо со музиката на останатите култури во Нов Зеланд и промовирање на интеркултурен дијалог, разбирање и почитување меѓу културите и етничките заедници во државата. Македонскиот Камерен Хор настапил на неколку концерти и културни настани во Нов Зеланд меѓу кои и мултикултурниот фестивал CultureFest 2023 каде што ја претставил македонската култура меѓу повеќе од 60 култури коишто живеат на територијата на градот Окленд. Настапот на овој фестивал е важен затоа што придонесе за проширување на културниот светоглед на новозеландската публиката и доближување до уникатните музички елементи на македонската народна музика и македонската култура. По неколкуте успешни настапи во Аотеароа/Нов Зеланд, Македонскиот Камерен Хор виртуелно настапи на јубилејното 50. издание на меѓународниот хорски фестивал „Тетовски Хорски Одзиви“ („ТЕХО“)по што ќе следат подготовки на хорскиот репертоар за годишниот концерт на хорот.

Related Articles