Home » Делата на српскиот уметник Стојан Ѓуриќ на 15.март во КИЦ Битола

Делата на српскиот уметник Стојан Ѓуриќ на 15.март во КИЦ Битола

by culturalchat

Во пресрет на следната ликовна изложба во ЈОУ КИЦ Битола, во соработка со Меѓународен центар за современа ликовна уметност, Меѓународна ликовна колонија ДеНиро Битола, ви го претставуваат ликовниот уметник Стојан Ѓуриќ. Роден во 1962 година во Велика Плана. Дипломирал и магистрирал сликарството на Факултетот за ликовни уметности во Белград. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Србија. Живее и работи во Белград и Велика Плана. Учесник е на над 250 колективни изложби во земјата и странство и на бројни ликовни колонии. Се занимавал и со фрескоживопис. Неговите дела се наоѓаат во многу јавни збирки во земјата и странство. „ТАТКОВИНА НА ДУШАТА“: Трите нови циклуси на слики на Стојан Ѓуриќ се чини дека произлегоа од балканското колективно несвесно.

„Куќите како симбол на детството, сигурноста и топлината, во вознемиреното патување кон небото, се оддалечуваат од сигурна основа и брзо преминуваат во непознатото, неизвесното. С. Петровиќ Тој е романтичар и претерано сентиментален, тоа му доаѓа како обожувач на херои кој сѐ уште верува во нив, верува во добрини. Таквите како него поранешни и сегашни создаваат нови светови за нас. Наспроти оганот и мразот, наспроти лошата политика водена од неморални суетни личности, наспроти непријателства и невистини Стојан не попушта пред светот што постојано се менува. Да се слика е човечки, а кога Стојан слика е боженствено, тој црта сѐ што ќе види и дури и повеќе од тоа. Можеби Стојан само ги бира правите бои и некако ги прави правите потези на правилно затегнато платно или на правиот дебел картон. Ама не…Сѐ е до осетот, храброста и пркосот негов.“, истакнува Драги Филевски .

Стојан Ѓуриќ се надоврзува со сериозна синтетичка, онтолошка постапка кон апсолутот на српското сликарство започнат од Надежда Петровиќ, Шумановиќ, Коњовиќ….Тоа не е само сликарски израз туку своевидна духовна генеза на едно од најавтентичните сликарства на Балканот и Европа. И тој, како и неговите предходници, покажува, докажува, дека српското сликарство е автентична, оригинална и сугестивна творечка појава.Тоа не е творештво кое учи или превзема од познатите ликовни центри, тоа е израз кој извира од најдлабоките паметења, чувствувањња, сонувања, опстанок на еден народ.

„Во тој контекст, Стојан Ѓуриќ, развива специфичен експресионизам на колоритот, на потезот, на филозофскиот пристап,на лириката која ликовно се трансформира и во една поетска, скоро музичка гама со носталгични , интимистички, рефлексивни сликарски постапка низ која мирот, спокојството, е во совршена прегратка помеѓу земјатаи небото, помеѓу домот и вечното огниште, помеѓу архетипот и визијата за спасот на духовната татковина“, вели Владо Ѓорески. Изложбата ќе биде отворена на 15.03.2024, Петок во Офицерскиот дом – КИЦ Битола, со почеток од 19ч.

Related Articles