Home » Доделени наградите на 11.издание на изложбата „Со љубов од Битола“

Доделени наградите на 11.издание на изложбата „Со љубов од Битола“

by culturalchat

На 25-ти септември во галерискиот простор KЦ МАГАЗА свечено беше отворено 11-тото издание на фото изложбата СО ЉУБOВ ОД БИТОЛА. Отворањето на изложбата оваа година се реализираше во рамките на Manaki Off програмата на MANAKI BROTHERS филмскиот фестивал, под мотото НА КИНО ПА ОЛАБАЈ во организација на Olabaj и Артакт од Битола.

Оваа година во рамките на изложбата поместени се 23 фотографии. 20 фотографии се од 15 автори учесници на конкурсот, а секој од членовите на стручното жири е претставен со по една фотографија . Темата на конкурсот беше „BITOLA – SPATIAL INTERPOLATIONS “ – „БИТОЛА – ПРОСТОРНИ ИНТЕРПОЛАЦИИ“ – пресек на старата и новата архитектура, а овие 20 фотографии се ретка и невообичаена перспектива на Битола како град кој изобилува со простори во кои се меша старото и новото.

Жири комисијата во состав Дражан Брачиќ, Ивона Кочов и минатогодишниaта победничка Мери Бошкоска, имаа тешка задача во голема конкуренција од 90 фотографии на 19 фотографи да ги изберат трите најдобри фотографии.

Првата награда ја понесе Бенита Стојмирова, второто место му припадна на Ангела Огненова, а третото место на Сашо Илковски.

Сите учесници на конкурсот чии фотографии се најдоа на изложбата добија благодарници за учество. Конкурсот и изложбата се во организација на Центарот за европски развој и интеграција во партнерство со Центар за култура Битола – Битола. Изложбата ќе биде отворена до 29.09.2023 – секој ден од 11:00 до 19:30 часот

„Исто така ја користиме оваа прилика да му се заблагодариме на Bozinovski watches & jewelry кои се поддржувачи на урбаната култура и точката на спојување на креативните идеи кои го овозможија реализирањето на изложбата во овој формат“, изјавија организаторите.

 

Related Articles