Home » „Достојно ест“-13.видео запис од проектот „Терирем“ на Сузана Спасовска

„Достојно ест“-13.видео запис од проектот „Терирем“ на Сузана Спасовска

by culturalchat

Композицијата „Достојно ест“ е 13- тиот видео запис дел од албумот „Терирем“ на Сузана Спасовска.

„ Со цел да ја доближиме црковната музика и древните песнопеења поблизу до народот и до помладата популација, нашите празници да се побогати, домовите облагородени, патувањата полесни, душата исполнета со спокој и убавина, храмовите преполни со верници на богослужбите, дојдовме на идеја за овој проект“вели Спасовска. Видео-проектот „Терирем“ содржи 16 православни песнопеења и е снимен во повеќе цркви низ Македонија: Црква „Св. Димитрија“ – Скопје -Црква „Св. Пантелејмон“ – Горно Нерези -Храм „Рождество на Пресвета Богородица“ – Скопје -Црква „Св. Спас“ – Скопје -Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (Манастир Матка) – Матка -Црква „Св. Илија“ – Мирковци -Црква „Св. Димитрија / Марков Манастир – Маркова Сушица, Скопје -Црква „Св. Андреја“ – Матка -Црква „Св. Атанасиј“ – Шишево -Манастир „Св. Никита“ – Скопска Црна Гора.

Видео: Арт Студио, продукција камера: Дејан Ѓоргиев / Влатко Венов / Иван Ангеловски, дрон Љубомир Домазетов, монтажа Милена Ѓоргиев, костимограф Александар Рашковиќ. Аудио-проектот „Терирем“ е снимен во студио City Sound, Скопје. Продуценти Љупчо Соколовски и Георгиј Секулоски,  извршен продуцент Сузана Спасовска, Visual and Technical support by DVisualArt, Дејан Величковиќ, Душко Трифуновски.

„Литургиските текстови од почетоците на црковните заедници, празничните тропари, катавасиите кои го слават Господовото рождество и воскресение, и пофалните песни кон Богородица и светителите – (застапени во квантитативно симболичен однос со преданието со 16 композиции во ЦД дискот „Терирем“), во одреден континуитет се пренесувале и создавале генерациски помеѓу христијаните како предание на Црквата, како постаро или поново црковно творештво со богослужбена намена во храмовите, но и во домовите, како дел од молитвените правила на верниците. Од оваа црковна пракса на континуирана реинтерпретација на музичкото наследство, е добиена и директна инспирација да се создаде музички израз кој што верно би ги интерпретирал законитостите на источното црковно мелозвучие, но со своевидна обнародена словенска изразност во изведбата, каква што може да даде еден врвен народен музички уметник, во овој случај нашиот уметник на народната песна – Сузана Спасовска“,  вели теологот Трајкоски.

Во албумот „Терирем“, среќаваме природно единство меѓу источното црковно пеење и народната интерпретација, којашто во најголема можна мера се приближува до црковното пеење и добива обнароден, но силно издржан црквен карактер во мелодиската етичност.

 

Related Articles