Home » За Димитар Илиевски Мурато во најновиот документарец „Хималајски борци“

За Димитар Илиевски Мурато во најновиот документарец „Хималајски борци“

by culturalchat

Филмот „Хималајски борци“ е документарна драма за 50-годишното пријателство меѓу двајцата планинари Стипе Божиќ од Хрватска и Виктор Грошељ од Љубљана, a го прикажува Ал Џезеира. Филмот води до врвовите на Хималаите, каде неколку пати за влакно ја избегнале смртта, изгубиле неколку пријатели и останале живи и покрај сите непријатности.

Тие во еден момент станаа најпознатата качувачка двојка во светот. Имаа шест хималајски врвови над 8.000 метри зад себе.

„ И јас сум аплинист, многу добро знам што носи таквото искуство, па тие се и хероите на моето детство. Тие ми беа инспирација да започнам со планинарење. Подоцна, кога влегов во водите на документарниот филм, тоа ми беше дополнителен мотив да ги поврзам тие две мои љубови и да раскажам одлична приказна за тоа долгогодишно пријателство“, вели режисерот на филмот, Зехрудин Исаковиќ.  Филмот беше прикажан на 13. февруари во Словенија како дел од 18-тото издание на Филмскиот фестивал Горнишке. Божиќ и Гришељ ги искачиле повеќето од 14-те постоечки хималајски врвови над 8.000 метри. На тој пат загинаа 20 нивни пријатели, а и тие безброј пати биле во опасност.

Ова е приказна за пријателството, големото срце, жртвата и поместувањето на границите на човечките можности. На една од тие експедиции тие го изгубија својот пријател битолчанецот Димитар Илиевски Мурато, имено првиот Македонце,  што ја има искачено највисоката планина во светот —Монт Еверест.  Се искачил на 10.мај 1989, по што не успеал да се врати во базниот логор и официјално се води како изчезнат.

„Јас не се искачив до Лоце како Виктор бидејќи нозете почнаа да ми се смрзнуваат, не сакав да ризикувам, но подоцна се искачивме на Еверест заедно со Димитар Илиевски и двајца шерпи што за мене беше еден нов успех затоа што бев единствен преживеан кој искачил два гребени на еЕверест“, се присетува Стипе Божиќ во филмот.

„ И покрај големиот умор двајцата со Стипе со радост и енергија која ни остана, со Димитар Илиевски и шерпата Сонам неколку денови подоцна тргнавме кон Еверест.Имавме многу слаби шанси поради сплет на околности таа пролет , никој не стигна до врвот имапе можеби 5, 6 експедиции во базата, на непалската страна имено на гребенот е искачуваме по терен кој се рони, што дополнително не успоруваше, а целиот снег беше на кинеската страна од планината. Дури околу 16.30 стигнавме во близина на врвот. Пријателите таму веќе се качуваа по Хилариевата скала, а мене ми недостигаше кислород во боцата.Седнав и саат време чекав за да си дојдам на себе. Знаев ако сакам да стигнам до врвот дека последниот дел ќе морам да го искачам без кислород. Некако стигнав до подножјето на Хилариевата скала, не знам како ни ден денес и на врвот ги сретнав пријателите кои веќе се враќаа.Стигнав до највисоката точка а потоа следуваше дрматично слегување“, истакнува во филмот словенецот Виктор Грошељ.

Тој се изненадил што од 5 алпинисти кои се искачија, на враќање видел само тројца.

„Шерпите веќе беа во шаторот, а Стипе и Диме никаде ги немаше.Сигурно се разминавме при слегувањето каде секој се спасуваше како што може на свој начин.После саат време дојде Стипе, и бевме убедени дека Диме ќе дојде секој момент. Но, следното утро видовме дека Диме воошто не е вратен.Стипе остана уште една ноќ во седлото во случај Диме да се врати, иако на сите ни беше јасно дека ако не се вратил до утрото , нема ни да дојде. После некое време и Стипе слезе. Тоа беше едно друго соочување наше со Еверест и уште една смрт“, додава Виктор.

„Мислам дека ни до денес не е јасно што стана со Диме, постојат повеќе опции: една е дека залутал на кинеската страна на планината , а друга дека паднал на непалската или едноставно застанал некаде да одмори и едноставно заспал“, се присетува Грошељ.

Димитар Илиевски е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и спортот воопшто. Се одликувал со фрапантна љубов кон планините и непоколеблива амбиција за соочување со најтешките предизвици. Во својата богата алпинистичка кариера се имал искачено на повеќе планински врвови. Во негова чест на Пелистер, подигнато е спомен-обележје. Посмртно ја има добиено наградата Медал за заслуги за Македонија.

Личните архиви на Божиќ и Грошељ во филмот се исклучително важни компоненти. На тоа патување тие ја доживеле најголемата среќа, но и несреќа-ги загубиле пријателите.  Затоа и ова е универзална приказна за психолошката драма на луѓето кои се соочуваат со толку големи жртви и искушенија. Божиќ и Грошељ напишаа и бројни книги и снимаа документарни филмови. Преку своите активности ги промовираат вредностите на врвниот алпинизам, како во нивните земји, така и во светот. Во последните децении тие се занимаваат со хуманитарна работа, особено во Непал.

Филмот може да го погледнете на следниот линк:

Related Articles