Home » Изложбата „Визии-Глава полна со луѓе“ на Родољуб Анастасов презентирана во Прилеп

Изложбата „Визии-Глава полна со луѓе“ на Родољуб Анастасов презентирана во Прилеп

by culturalchat

„Визии-Глава полна со луѓе“ е изложбата со дела од доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов што беше отворена во ликовната галерија при ЦК. „Марко Цепенков“ во Прилеп. Претставени се серија на цртежи, работени во техника молив и молив во боја на хартија, во мали формати. Па така изложбата содржи повеќе од 200 портрети, насликани во периодот 2016-2022.

Изложбата ја отвори кураторот Јасминка Намичева.

„Анастасов успева да извади од својата меморија луѓе кои биле дел од неговиот живот. Суштината на идејата е дека животот е минлива работа и дека човекот секогаш е прилагодлив на ситуациите и дека тоа остава трага врз сите нас“ – рече Намичева.  Изложбата, ЦК „Марко Цепенков“ ја реализира во соработка со неформалната мрежа на музеи Музеум Линк. Големиот уметник Родољуб Анастасов, еден е од најважните во современата македонска уметност.

Роден во Скопје, на 25 февруари 1935 година. Во 2009, Американскиот биографски институт го вброи Анастасов меѓу 500 најголеми генијалци во светот во 21. век. Тој во 1962 година дипломирал на Уметничката академија во Белград. Во Скопје работел на полето на нефигуративната уметност. Од 1980 до пензионирањето беше професор на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје.

 

Related Articles