Home » Изложбата „Фемина VS Феминологија“ презентирана во Загреб

Изложбата „Фемина VS Феминологија“ презентирана во Загреб

by culturalchat

Во Културно иформативниот центар на Македонија во Загреб, беше поставена меѓународната мултимедијална изложбата „Фемина VS Феминологија“.

Со финансиска поддршка на одделот за за култура и граѓанско општество на Загреб и Министерството за култура на Република Македонија, а во организација на Хрватското здружение на ликовни уметници и ликовни критичари, со презентирањетто на оваа  изложба се привршува меѓународниот мултимедијален изложбен проект кој започна во Скопје во јуни.

Заедно со хрватскиот кустос, изложбата ја претстави Јана Манева Чупоска, претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Изложбата обединува дваесет еминентни современи визуелни уметници од Република Хрватска и Република Македонија и е пример за успешна соработка меѓу две здруженија – Друштвото на ликовни уметници од Македонија (ДЛУМ) и Здружението на хрватски ликовни уметници (ХУЛУЛК) од Загреб.Изложбата имаше две кураторки – Санда Станаќев Бајжек и Јана Манева Чупоска.

На изложбата беа претставени десет хрватски уметници: Ивана Бакал, Никол Хјуит, Ирена Гајатри Хорват, Паулина Јазвиќ, Алана Кајфеж, Луција Лабас, Дијана Назор Чорда, Ивана Ожетски, Тара Беата Рац и Габријела Шимиќ и десет македонски автори: Марина Коцарева Ранисављев, Јана Луловска, Маја Рауник Кирков, Ана Трајковска, Христина Зафировска, Наташа Милованчев, Марина Цветановска Мартиновска, Тања Таневска, Вана Урошевиќ и Јана Манева Чупоска.

Во овој процес се даде слобода на различно изразување што значи дека сите медиуми се присутни од најкласичните штафелајни концепти до форма на инсталација. Застапен е и видео артот, а едниот пар Јана Луловска од Македонија и Никол Хјуит од Хрватска изработија два филма кои и беа претставени и во Кинотека на Македонија. Дијана Назор Чорда, која што работеше заедно со Наташа Милованчев го презентираше својот изум, на инфраред сликарство каде што ова дело се гледа со специјален апарат за инфрацрвени зраци. Двете уметнички создадоа интересен и уникатен триптих.

На изложбата присуствуваше Македонскиот амбасадор во Хрватска Милаим Фетаи и директорката на КИЦ. на Македонија Наталија Поповска, како и претставници на Заедницата на мМкедонците во Хрватска.

Изложба имаше за цел да ги зближи современите ликовни сцени на двете држави, а секој уметник да го истакне својот ликовен идентитет преку делото создадено во пар.

 

Related Articles