Home » Изложба на Анита Огњановска во Македонскиот културен центар во Загреб

Изложба на Анита Огњановска во Македонскиот културен центар во Загреб

by culturalchat

Самостојната изложба на уметницата Анита Огњановска„ Сакам,… “ беше презентирана во Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб.

Изложбата се состои од 30-тина досега неизложени дела со среден и голем галериски формат, работени во изминатите две години во техника масло на платно, акрил на платно и комбинирана техника. Станува збор за дела со богат колорит и текстура кои ги истражуваат темите на љубовта,желбата, копнежот, личната слобода и израз. Имено, публиката имаше можност преку делата да ја доживее идејата за љубовта во нејзините многу форми и да го истражи концептот на сакање и лично исполнување преку природата и емоционалните врски. Темата на сакањето претставува повик да се замисли подобар свет или подобра верзија на себеси, поттикнувајќи ги гледачите да сонуваат големи соништа, да ги прифатат нивните аспирации и да веруваат во моќта на сопствените желби.

Македонскиот амбасадор во Хрватска,  Милаим Фетаи имаше чест да го прогласи свеченото отворање на изложбата.Уметницата Анита Огњановска ја посети и амбасадата на Македонија во Загреб. Сликарството и личниот ракопис на Анита Огњановска зрачат со сопствена поетика и посебна визуелна впечатливост кој овозможува препознатлив печат на нејзините дела.

Огњановска е колорист е на анимираниот филм „Фасада” на Дарко Марковиќ, 1995/1996 година, „Вардар филм“ – Скопје.Учествувала на повеќе групни изложбим додека на 6.3.2015 година ја отвора првата самостојна изложба на тема: „Живот“.

Водена од страста кон уметноста, слика спонтано, емоциите ја носат и никогаш не знае каде ќе ја одведат.

„ Едноставно четката ги испишува мислите, чувствата, спомените, копнежите. Тоа е мојот спонтан, но, всушност, длабоко интимен свет. Некогаш сликам како што се чувствувам, некогаш како што сакам да се чувствувам“, вели за себе Огњановска.

Related Articles