Home » Изложба на дела на македонски уметници во Виена

Изложба на дела на македонски уметници во Виена

by culturalchat

Во присуство на министерката за култура на Република Македонија, Бисера Костадиновска Стојчевска и на бројни гости, во изложбениот салон на Амбасадата на Македонија во Виена, а во организација на Домот на култура „Кочо Рацин“ и со поддршка на Амбасадата, беше отворена Мултикултурна изложба претставена од уметнички дела на повеќе од педесет уметници од Македонија.

Поставката обединува разнообразни тематски, стилски и изразни форми на многубројни наградувани автори од повеќе генерации.

Изложбата во Виена е дел од проектот „Мултикултурни изложби“ со кој во изминатите години беа претставени повеќе од сто дела на 60-тина уметници во Отава, Канада, во Вашингтон, САД, во Малме, Шведска, во Улцињ, Црна Гора, во Сплит и во Ријека, Хрватска, и е дел од богатата културна понуда на Скопје, како Европска престолнина на културата 2028.

Related Articles