Home » Каролина со „Ајде да летаме-GREATEST HITS” на open air во Скопје

Каролина со „Ајде да летаме-GREATEST HITS” на open air во Скопје

by culturalchat
„Како сублимат на една неверојатно богата кариера, со 10 студиски албуми и безброј хитови и евергрини, големо задоволство ни е да ви најавиме дека нашата Каролина за прв пат ќе одржи open air концерт во Скопје под името “Ајде да летаме – GREATEST HITS” на 1ви јули, на Стадионот на АРМ во Скопје“, соопштија од Авалон продукција.
Тие го најавуваат концертот дека ќе биде со сериозна, светска продукција, светло и звук – какви што доликуваат на голем и грандиозен концерт на Каролина Гочева.
Патувајќи низ времеплов од спомени и емоции, на 1ви јули во живо ќе може да ги слушнете: ,,Хипокрит”, ,,За нас”, ,,Капка под небото”, ,,Не се враќаш”, ,,Се лажам себе” и уште многу други хитови кои ја одбележаа 30 годишната кариера на Каролина.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (08.06) на avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон.
Фотографија: Мартин Трајановски

Related Articles