Home » Македонија значаен дел од Балкан Мост конференцијата

Македонија значаен дел од Балкан Мост конференцијата

by culturalchat

Конференцијата Балкан Мост, која се одржуваше во Веспрем, беше настан кој вклучуваше соработка на 10 партнери од Балканот и Европа. Започна во 2019 со цел развивање на балканската музичка сцена. Во изминатите години организаторите работеа преку  отворени повици со над 30 изведувачи, над 60 фестивали и младите менаџери од Балканот.

Ние разговараме со една од организаторите, Клара Наги, која ја истакна важноста на учеството на Македонија во овој проект.

„Македонија е една од 9- те држави вклучени во нашата програма и ние сме среќни што имаме македонски партнер Пасворд продукција, ние работиме со нив. Од самите апликации се гледа дека партнерските организации значат многу за развивање и презентација на изведувачите од нивните држави.Благодарение на Пасворд ние примивме многу апликации од македонски групи и изведувачи.Со нив работиме и на други делови од проектот, работиме со млади македонски менаџери и фестивали , тука се Д фестивалот, како и Џез фактори фестивалот од Битола. Мислам дека сме убаво поврзани со македонската музичка сцена и среќни сме што сме партнери со истата“.

А еве зошто токму во Веспрем се одржуваше Балкан Мост конференцијата и фестивалот.

“Јас сум претставник не само на проектот на Мост туку и на Хангвето што е со база во Будимпешта, и имаме многу музички проекти.Работиме со Веспрем во изминатите неколку години, работевме со нив и за програмата за европски град на културата.Така започна се и за оваа конференција, градот сакаше да продуцира голем музички настан. Така нашите програми и идеи се споијa”, истакна Наги.

Запрашавме од какво значење се овие конференции, поаѓајќи од платформата Мост на која и самото име и самата цел значи поврзување на државите, изведувачите .Тука се и размената на контакти и воспоставување на полесна комуникација помеѓу фестивалите и музичките настани.

„Идејата за оваа конференција беше да поканиме различни делегати и имавме околу 300 делегати. Половина од нив беа од Балканските земји, а другите од останатите европски земји.Мислам дека ова беше одлична можност за сите за размена на контакти, така и ја осмисливме конференцијата преку различни формати луѓето да се поврзат помеѓу себе.После сите тие конференции, панели, дебатни настани, презентации имавме концерти на кои луѓето се дружеа меѓу себе“.

Организацијата беше голем предизвик која можеше да се реализира само заедно со мојата екипа. Мост проектот е помал дел од целината, и на оваа конференција работевме околу 30 луѓе.

 

 

Related Articles