Home » Македонски композиции дел од концертот на Горан Бојчевски во Словенија

Македонски композиции дел од концертот на Горан Бојчевски во Словенија

by culturalchat

Битолчанецот, кларинетистот Горан Бојчевски  кој долги години живее и работи во Словенија, го изведе новогодишниот концерт во Цеље. На истиот имаше македонски композиции.

Незаборавна вечер имаше публиката на празничниот концерт.И оваа година специјален гостин беше словенечката оперска дива Сабина Цвилак која  настапувала заедно со најголемите светски имиња како: Андреа Бочели, Пласидо Доминго.

На програмата покрај македонските композиции и препознатливи македонски песни, беа и делата на аргентинскиот композитор Астор Пијацола, авторските композиции на Бојчевски, некои филмски музички хитови. На сцената со Горан беа музичарите со кои долго време соработува Матиќ Доленц гитара, Андраж Фрече хармоника, Јака Крушиќ контрабас.

Интересен податок е што токму празничниот традиционален концерт се одржува на роденденот на Бојчевски.

Related Articles