Home » Марко Виденовиќ ја промовираше третата стихозбирка „Будење“

Марко Виденовиќ ја промовираше третата стихозбирка „Будење“

by culturalchat

“Будење” e насловот на третата стихозбирка на битолчанецот Марко Виденовиќ чија промоција се одржа во Скопје.

„ Во ова време на напредна технологија која ни “овозможува” да бидеме “заедно” и тогаш кога сме разделени, имаме можност само да прочитаме едни за други и понекогаш навистина да дознаеме за тоа кој како се чувствува, а во останатите случаеви само да претпоставуваме“, беше истакнато на промоцијата.„Во сето тоа “напредно” секојдневие ние се одвикнавме да сонуваме, и кога спиеме, а и тогаш кога не спиеме. Нашите средби еден спроти друг се сведени на минимум, разговорите се водат со пишување, но без мирис на хартија, без допир и поглед, без никаква емоција. Ете баш поради сето ова се роди стихозбирката “Будење” за која го молам Бога и се надевам дека ќе допре до заспаните души и мисли, и ќе ги натера да се разбудат од тој кошмарен сон“, рече Виденовиќ.Насмевки, ведрина и силни прегратки исполнети со искреност и убавина, беа дел од промоцијата на „Будење“ пред многубројните колеги и пријатели на Марко. Тој истакна дека се надева дека сите оние кои ја имаат “Будење” во своите домови, ранци, џебови, автомобили и секаде каде што се, ќе дозволат секој негов стих да им ги погали душите, како што тој во секоја негова песна остави дел од својата душа.Неговата прва песна ја напишал пред околу шест-седум години, во меѓувреме, речиси секојдневно објавува песни на Фејсбук. Пишува во зависност од моменталната инспирација, љубовта, за тагата, за среќата, за социјалните случувања и слично. Инспирацијата е неисцрпна како што рече, и затоа неа никој не може да ја украде бидејќи ни е на дофат, само треба да се разбудиме . Со музиката е од седумгодишна возраст, само една година откако со родителите се преселил од родниот Крушевац, градот на неговиот татко, во Битола, градот на неговата мајка, каде што учеше во Државното музичко училиште. Со високо образование се стекнал на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот за виола.Музиката е нешто без кое не би можел да живее, но без размислување вели дека овие две нешта, музиката и поезијата кај него одат заедно. на многу од своите песни има создадено и музика. Член е на Македонската филхармонија повеќе од 20 години , водач на виоли и за него таа е втор дом и начин на живот. Како член на повеќе камерни состави и ансамбли („Бревис квартет“, „Мјузик прогресив квартет“, ансамблот за современа музика „Алеа“, Битолски камерен оркестар, Младински оркестар на Југоисточна Европа, оркестарот на Музичка младина на Македонија, Камерниот оркестар на Македонската филхармонија и др.), настапувал на подиумите во Македонија и во светот. Свое учество како композитор и аранжер имал во филмовите „Трето полувреме“ и „Балканот не е мртов“, како и комплетен автор на музиката што ја изведува „Мјузик прогресив квартет“.

Related Articles