Home » Музичкиот состав “AGOGIC” со Танго приказна доаѓа во Битола

Музичкиот состав “AGOGIC” со Танго приказна доаѓа во Битола

by culturalchat

На 12. јуни 2024, среда во 20:00 часот, во Офицерскиот Дом, Битола, концерт ќе одржи музичкиот состав “AGOGIC”.

„Почитувани љубители на извонредната музика и танц, Имаме чест да Ве поканиме на нашата турнеја Скопје – Битола – Струмица со едно неповторливо музичко искуство! На ова магично музичко патување, ќе бидете запознаени со извонредниот музички состав “AGOGIC”, чии звуци истовремено ќе ве разнежнат и ги задоволат Вашите сетила“, стои во соопштението од составот.

Имено “AGOGIC” повеќе од 14 години го обогатува музичкиот свет со своето уметничко изведување кое се чувствува во секоја нота. Покрај Битола тие ќе одржат концерти: на 14 мај 2024, вторник во 20:30 часот, во Салон 19:19, Скопје, на 05 октомври 2024, сабота 20:00 часот, во Центарoт за Култура, Струмица.

Бидете дел од ова незаборавно искуство на музичката емоција и страст. Купете КАРТИ во сите прадажни места на ТОБАКО ДИМПО или онлајн Линк за карти преку МК Тикетс.

Related Articles