Home » Наградени најдобрите фотографии на изложбата „Прочка 2023“

Наградени најдобрите фотографии на изложбата „Прочка 2023“

by culturalchat
Во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп на 22 јуни беше отворена изложба на уметнички фотографии на тема „Прочка 2023“, која се состои од 30 фотографии од 21 автор. Изложените фотографии се резултат на фото конкурсот што Фото Кино Клуб „Прилеп“, во соработка со Општина Прилеп и Националната Фото Унија на Македонија, го објави во март 2023 година.
На конкурсот пристигнаа вкупно 82 фотографии од 21 автор од кои за најдобри и најкреативни фотографии стручното жири ги избра фотографиите:
– „Fearless “од авторот Владимир Јовановски од Куманово (прво место),
– „Прилепски карневал 2“ од авторот Димитар Чунговски од Битола (второ место) и
– „Fox Tamer“ од авторот Петар Јанкоски од Прилеп (трето место).
Фото конкурсот, којшто е поддржан од Општина Прилеп, има особено значење за промоција на Карневалот „Прочка“.  Заради тоа целта е истиот да се организира секоја година, да добие меѓународен карактер за да им се даде можност на фотографите да ја изразат својата креативност преку потенцирање на културното значење на карневалот.
Изложбата на фотографии беше збогатена со маски коишто учениците под раководство на наставникот Дарко Талески ги изработија за време на овогодинешниот карневал.

Related Articles