Home » Наскоро промоција на книгата „Мисловни патеки” на Нешат Аземовски во Битола

Наскоро промоција на книгата „Мисловни патеки” на Нешат Аземовски во Битола

by culturalchat

На 4-ти јули во Зоолошката градина во Битола, ќе биде промовирана книгата „Мисловни патеки” на Нешат Аземовски.

„Делата на Нешат живеат. Нешат се погрижи неговите раскази и поезија да бидат собрани во една книга. Ги пронајдов во компјутерот. Затоа сега ја промовираме  книгата“, истакна неговата сопруга Фатма Бајрам Аземовска.

Промоцијата е на денот на неговиот 50 јубилеен  роденден на 4-ти јули.

„Верувам дека универзумот се погрижи за се и ништо не е случајно“, додава Фатма.

Промоцијата ќе биде со почеток од 18 часот. Продажбата на книгата ќе биде од  хуманитарен карактер – со собраните средства ќе се купи училишен материјал за децата од загрозените семејства  – на прво оделенците.

 

 

Related Articles