Home » Нов сингл на Brass brothers-“Move it”

Нов сингл на Brass brothers-“Move it”

by culturalchat

Македонската музичка атракција Brass Brothers, кои долги години ни ги приредуваат најмаестралните забави со своите енергични настапи, го промовираа новиот сингл, “Move It”, од албумот “Balkan Mayhem“, кој претставува вистинско адреналинско искуство. Оваа нумера, создадена за време на пандемијата, претставува нивен одговор на ограничувањата и стегите со кои се соочуваше човештвото.

„Денес, кога нумерата “Move It” се појавува пред публиката, ние имаме можност да се забавуваме на единствен начин и да ги освежиме нашите срца со позитивната енергија што ја носи. Оваа маестрална мелодија е достапна за слушање на сите дигитални платформи и може да се купи од сите дигитални музички продавници“, ни изјавија од групата.

Brass Brothers е составен од: Горан Мицевски Кус (тромбон), Костадин Бетоски (саксофон), Пере Мелов (труба), Јован Мартиновски (Dj) и Ник де Карло (туба). Со своите динамични настапи, тие оставаат единствен впечаток на секоја публика.

Brass Brothers ги носат автентичните и моќни звуци на брас секцијата на македонската музичка сцена. Нивниот албум “Balkan Mayhem“ претставува симбиоза на македонската и балканската музичка традиција со модерни елементи, создавајќи единствена музичка атмосфера.

Со вториот албум, “We Are Energy“, Brass Brothers продолжуваат да ја развиваат својата уникатна музичка визија и не подготвуваат за нови енергични моменти.

Move it може да го слушнете на следниот линк:

Related Articles