Home » Одбележан Европскиот ден на логопедите во Битола

Одбележан Европскиот ден на логопедите во Битола

by culturalchat

Комуникацијата е клучот за човековата интеракција. Европскиот ден на логoпедијата, 6 Март, апелира на подигнување на свеста за важноста на логопедите и нивното влијание за поквалитетен живот на лицата со патологија во вербалната комуникација. Логопедијата како здравствена наука ја проучува патолошката состојба во вербалната комуникација, работејќи на превенција, дијагностика и рехабилитација од истата.

Основна цел на логипедијата е развој на говорот, сфаќање на говорот, паметење на зборовите и јазичните структури, формирање на внатрешниот говор и јазичното мислење, како и развојот на надворешната манифестација на јазикот т.е. активната комуникација на социјален план. По тој повод се реализираше работилница во ООУ ”Ѓорѓи Сугарев” – Битола во рамките на проектот „Креативни работилници за деца со попреченост“ поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

„Стартуваме со логопедските работилници – паметно вежбаме, учиме, растеме и се развиваме. На работилницата работевме со деца со атипичен развој преку давање на индивидуални логопедски и дефектолошки третмани, како што се пишување на поими со готови коцки, графомоторни вежби, боење во линија итн. Имавме прекрасно другарување! Воедно изразуваме голема благодарност до логопедот Анета Ѓоргиевска“, истакнаа од Битолската библиотека.

Координатор на проектот е библиотекарката Јасминка Кочевска.

Related Articles