Home » Поетска вечер во чест на Шопов во Битола со актерот Петар Горко

Поетска вечер во чест на Шопов во Битола со актерот Петар Горко

by culturalchat

Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ продолжува со поетски вечери и музички рецитали изведени во битолскиот Офицерски дом.

Публиката во Битола посведочи на избраните дела од големиот опус на македонскиот поет, писател, Академик, Ацо Шопов, кои ги изведе битолскиот актер Петар Горко.

Горко е носител на бројни улоги на сцената на битолскиот театар, оваа година одбележа 33 години на театарската сцена, има одиграно 100-ина театарски улоги, 19 од нив биле Шекспировски ликови, што е веројатно своевиден домашен рекорд. Неговата приватна статистика бележи околу 3.500 поклонувања пред театарските завеси. И уште го сака театарот, како на првиот ден од откривањето на страста кон оваа уметност.Тој е првенец на Битолскиот театар кој со особена љубов се посветува на интерпретацијата на поезијата која ја презентира со особена страст.

Големиот македонски бард Ацо Шопов( 1923- 1982), спаѓа во плејадата македонски поети кои непосредно по ослободувањето , по Втората светска војна се појавија во македонската литература и во невиден изблик на поетска и книжевна сила, акумулирана, а неискажана со векови наназад, создадоа антологиско поетско творештво.

Поезијата на Шопов заради своите универзални вредности е преведена на словенечки, унгарски, руски, латвиски, хрватски, француски јазик.

Related Articles