Home » Поранешните студенти на Тодор Светиев со изненадување за неговата 50 години уметничка и педагошка дејност

Поранешните студенти на Тодор Светиев со изненадување за неговата 50 години уметничка и педагошка дејност

by culturalchat

По повод 50 годишнниот јубилеј уметничка и педагошка дејност,на професорот битолчанецот Тодор Светиев, беше организиран концерт  во фоајето на Македонската опера и балет, на кој учество зедоа дел од неговите поранешни студенти кои сега се професори по пијано во музичките училиште низ Македонија, како и на ФМУ Скопје. Токму битолчанките професорките  Марија Вршкова, Тања Божиновска и Билјана Димовска беа иницијаторки за изненадувњето и го почестија својот професор на начин што ќе го памети цел живот.Настапија и неговите деца Борис и Кристина Светиеви, а покрај нив и: Јасна Аврамовска Костенарова, Катерина Ќетковиќ, Светлана Димитриевска, Тамара Коминовска, Маја Шутевска Кировска, Станислава Поцевска, Катерина Костадиновска Гелебешева. Видео обраќања имаа Јана Павловска Молц, Наташа Стојановска и Калина Мрмевска.Пијанистот Тодор Светиев е роден во Битола, каде започнува неговата музичка едукација. Студиите по пијано ги завршува во Загреб во класата на еминентниот професор В. Крпан, магистрира на ФМУ во Скопје кај истиот професор, а се усовршува на конзерваториумите во Санкт Петерсбург – Русија и Антверпен – Белгија. Како пијанист–солист и камерен музичар развива богата дејност и настапува успешно на подиумите како во Македонија така и во други европски земји (Шпанија, Белгија, Бугарија, Русија, Хрватска и др.). Учествува на повеќе фестивали како што се: “Охридско Лето”, “Варненско Лето”, “Херцег Нови”, “Фестивал на камерната музика” во Пловдив, “Денови на Македонска Музика” и др. Покрај класичниот репертоар изведува и голем број на дела од македонски композитори, а исто така реализирал и повеќе записи за Македонската Радио и Телевизија. Во 2003 год. издава солистичко ЦД.Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои се “Охридска Изида” за концертот на Охридско Лето со Триото “Цирих”, како и “Златната Лира” за 1999 год. која ја доделува Сојузот на Музичките Уметници на Македонија. Т. Светиев -професор по пијано и методика на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје.Како педагог е активен 50 години, а неговите студенти освоиле повеќе значајни меѓународни награди. Многу од нив се активни на концертните подиуми и успешно се занимаваат со педагошка дејност . Членувал исто така и во жири комисиите на повеќе меѓународни конкурси, како што се: “В. Буки” – Италија, “ЕПТА” – Хрватска, Софија, Плевен и Бургас – Бугарија. Исто така значајни се неговите активности како претседател на здруженијата: „ЕПТА на Македонија“ и на „Сојузот на музичките уметници на Македонија“.

 

 

 

Related Articles