Home » Предновогодишен подарок за љубителите на книги-промоција на книгата „Велинка“

Предновогодишен подарок за љубителите на книги-промоција на книгата „Велинка“

by culturalchat

“Велинка” е насловот на детскиот роман на авторката, професорката Маја Митровска чија промоција ќе се одржи на 22.12 со почеток од 19 часот во Офицерскиот дом во Битола. Промотор ќе биде д-р Лили Бошевска,  интерпретација на содржината актерката Соња Михајлова, музички соработник, м-р Јана Четелева Белевска – пијано.

Книгата е посветена на синовите на Маја, Андреј и Мартин.

„ Приказната за Велинка почна да се ткае уште пред десеттина години, кога измислував десетици приказни за добра ноќ за да ги задоволам огромните очекувања од мене, од моето првородено чедо. Велинка се надоградуваше со доаѓањето на второто чедо, и токму затоа оваа фантастична приказна им ја посветувам ним. Книгата e плод на детската љубопитност и нетрпение да дојде вечерта за да се чуе уште една приказна од животот на Велинка. Ден по ден, приказна по приказна, дојде и крајот. Дури по десет години животот на Велинка се наоѓа во вашите раце. Во соработка со издавачката куќа АНТОЛОГ пред неколку месеци во печат излезе мојата прва пишана творба, за што им багодарам за професионалната работа и соработката“, ни изјави Митровска.

Маја Митровска е родена во Битола. Во родниот град завршува Средно музичко училиште, дипломира и магистрира на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија, Бугарија, а се усовршуваво Виена, Австрија. Од 2009 година со своето семејство живее во Битола, каде што од 2010 година работи како професор по соло пеење во Државното музичко училиште.

 

 

 

Related Articles