Home » Презентирана изложбата на Благој Мицевски “Кимоно инспирации”

Презентирана изложбата на Благој Мицевски “Кимоно инспирации”

by culturalchat

Во Центарот за култура Битола, беше отворена изложбата “Кимоно инспирации” на авторот, костимографот Благој Мицевски. На истата беше прикажана инсталација на петнаесет новосоздадени кимона.30 годишната кариера како театарски уметник, на Мицевски му даде можност неговата воодушевеност од јапонската култура да ја изрази во нејзините разнообразни форми и содржини, тргнувајќи од традиционалните јапонски обичаи, преку јапонската поезија, романи, графики, па се до филмовите и театарот.Уште од студентските денови тој интерес за јапонскиот културен мозаик му стана инспирација за неговите костимографии и театарски претстави. Покрај претставата според делото на познатиот автор Мишима, кимоното било составен дел од неговите костимографски решенија во многу други претстави.„Неговата едноставна форма и крој нудат бескрајно многу можности за негова реинтерпретација во најразлични материјали, бои и форми“, вели Мицевски и додава: „Тука станува збор за односот кон традицијата воопшто, нејзините трајни вредности и постојаната инспирација за создавање нова современа уметност“.За изложбата зборуваше и директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевски. Ова претставување имаше за цел, покрај личната опседнатост и инспирација со кимоното како употреблив објект, да покаже како тоа во сооднос со други јапонски иснпирации може да создаде нови уметнички дела.На изложбата беа претставени кимона и 15 фотографии, поставени во просторот во таква констелација, што ќим дозволи на посетителите на настанот да се движат меѓу нив, овозможувајќи им на тој начин одблиску да ја почувствуваат убавината на овие префинети дела на уметноста.

Фотографии Диоген Хаџи Коста Милевски

Related Articles