Home » Премиера на монодрамата„ Кога цветаа тиквите“ на 18.јуни

Премиера на монодрамата„ Кога цветаа тиквите“ на 18.јуни

by culturalchat
На 18 ти јуни, во Центарот за култура на Новата сцена, ќе биде изведена монодрамата „ Кога цветаа тиквите“, во изведба на младиот актер Кристијан Танчевски.
Претпремиера ќе биде на 17 јуни, а првата реприза на 20 ти.
МОНОДРАМАТА  е создадена според контроверзниот истоимен роман на Драгослав Михаиловиќ. Секое човечко време има своја  неиздржлива леснотија на постоењето (Кундера). Ако сите луѓе на оваа планета се раѓаат добри, што живее, овде на овој митски Балкан, па од човека  низ животот создава „непоправлив“ грешник и постојано е во трка  да го му го одземе Сонцето од очите.
Вториот роман на познатиот југословенски автор, има облик на монолошка исповед: некогашниот надежен боксер Љуба Сретеновиќ се сеќава на периодот од крајот на 1940-тите и почетокот на 1950-тите години кои го натерале да емигрира во Шведска. Објавен во 1968 година, романот го привлекува вниманието на југословенските власти, а претставата подготвена според романот е симната од репертоарот по само неколку изведби. Овој роман е едно од пресвртните дела од кои почнуваат нови тенденции во југословенската книжевност; важи за најзначаен роман на југословенскиот „црн бран“ и е едно од првите уметнички дела кои ја допираат темата на Информбирото во Југославија.
Стручен консултант е Љупчо Ѓорѓиевски, композитор Лука Тошев, видео Николче Митревски и плакат Глорија Лазовска.
„Кога цветаа тиквите“ претрпе голем број театарски, филмски и ТВ адаптации по укинувањето на забраната, токму благодарение на двосмисленоста на грубо реалистичната, скоро бруталистичка игра на Михаиловиќ, фактот дека содржи зрели политички, социјални, мелодраматски и поетски нивоа на значење, носејќи многу актуелни, современи и универзални теми.
„ Кристијан Танчевски направи извонреден  и храбар актерски потег, со оваа Монодрама,  со голи раце, опкружен со суптилната и силна сценографија, публиката ќе има можност да погледне како подоцна  настана фабриката за емотикони I’m fine, затоа што – митскиот Балкан е место од кое и многумина не успеале да избегаат, да заминат, да го напуштат“, вели писателката Билјана Талевска.
Претставата е наменета за лица над 13 години.

Related Articles