Home » Претставата „Дом за кукли“ изведена во домот Софија во Битола

Претставата „Дом за кукли“ изведена во домот Софија во Битола

by culturalchat

Во просториите на Дом Софија, Интимен Театар ја имаше својата премиерна театарска изведба насловена како “ДОМ ЗА КУКЛИ” работена по текстови на Хенрик Ибзен и авторски текстови на Билјана Крајчевска, во режија на Софија Ристевска Петрушева, а во изведба на актерите Катерина Аневска Дранговска и Валентин Дамчевски.

Овој проект беше поддржан од Министерство за култура. „Претставата беше вистинска сензација за нашите корисници. Ја проследија со огромно внимание и возбуда. Дом Софија се стреми да ги исполни сите потреби на нашите корисници, па така не го изоставаме ниту театарот. “ДОМ ЗА КУКЛИ” со сигурност ќе остане уште еден од многуте светли моменти во нашиот дом“, ни изјавија од домот Софија.

 

Related Articles