Home » Редици за автограм од Манчевски после премиерата на „Кајмак“ во Тајван

Редици за автограм од Манчевски после премиерата на „Кајмак“ во Тајван

by culturalchat
Кајмак“ на Милчо Манчевски ја доживеа и премиерата во Тајван, каде се прикажува вон конкуренција на Филмскиот фестивaл Златен коњ во Тајпеј. Проекциите беа во преполни сали, со едночасовни редици на публиката за автограм од македонскиот режисер. По премиерата „Кајмак“ или „Дует во страст“ како што е тајванскиот превод на филмот, имаше и втора проекција, и уште еден разговор со публиката, а предвидени се уште две прикажувања. Во моментов, „Кајмак“ е на второ место по популарност кај публиката на фестивалот Златен коњ. Пред три години, на истиот фестивал тајванската публика час и половина чекаше во 20-метарска редица за автограм од Манчевски, кога премиерно беше прикажан филмот „Врба“. Овој пат, освен фотографирањата и автограмите ја искористија и шансата во двете сесии љубопитно да прашуваат и да продискутираат со него. На втората проекција дојде и најславниот тајвански режисер Цаи Минг-Лианг со кого Манчевски се сретна и на светската премиера во Токио минатата недела. За Манчевски особено драга беше средбата со професор Шанг-Синг Гуо, негов студент од Њујоршкиот универзитет, сега универзитетски професор. Гуо како студент два пати дојде во Македонија, за да присуствува снимањето на спотот„Македонија вечна“ и да учествува во снимањето на филмот „Мајки“. Досега, во Тајван се прикажани речиси сите филмови на Манчевски, а во 2019 година за првпат беше гостин на овој фестивал, кога беше прикажан филмот ‘Врба’“.

Related Articles