Home » Реномираниот кларинетист Благој Ламњов доаѓа во Битола

Реномираниот кларинетист Благој Ламњов доаѓа во Битола

by culturalchat

На 05.06 реномираниот кларинетист Благој Ламњов доаѓа во Битола, каде во Офицерскиот дом ќе одржи концерт со наслов „Носталгична љубов“. Во овој интимен концертен амбиент, македонско-шведскиот кларинетист Ламњов ги поместува границите на инструментот кларинет, мешајќи го Македонскиот фолклор со сензитивноста на западната класична музика. Под влијание на двата музички жанра, зачинет со префинета сензитивност, музичкиот стил на Благој ќе ви понуди концертно доживување полно со емоции, една подлабока средба со кларинетот, како и поблиска музичка слика за Македонија, создавајќи мост помеѓу стариот и модерниот свет. На сцената ќе настапи со гитаристот Петер Тегнер од Шведска.Благој Ламњов е истакнат македонски кларинетист кој живее во Шведска. Препознатлив е по неговото исклучително емотивно музицирање и уникатен стил на изведба на Македонска фолклорна музика. Неговиот албум Nostalgic Love придонесе позитивно влијание врз многу сфери во општеството. “Ти ми откри една нова димензија на кларинетот” е често користен коментар од слушателите. Благој е класично образован кларинетист во Шведска, Америка и Македонија. Настапил во половина Европа, Кина, Јапонија, Америка и Канада. Во Шведска вообичаено е ангажиран во операта на Малме, некогаш и 7 месеци во годината, а неговата соло кариера полека но сигурно се движи во нагорна линија.

Карти за концертот можат да се набават на Широк Сокак, во книжарницата ЛитератураМК, во Tobacco Brothers, како и онлајн на страницата mktickets.mk. Концертот е со почеток од 19 часот.

 

 

Related Articles