Home » Сандра Грибовска Илиевска со награда за најдобра млада актерка во Нови Сад

Сандра Грибовска Илиевска со награда за најдобра млада актерка во Нови Сад

by culturalchat

После 33 години една Стеријина награда повторно во Битолскиот театар.

„Со гордост и среќа, објавуваме дека Сандра Грибовска Илиевска е добитник на наградата за најдобра млада актерка, на штотуку завршеното 69-то по ред Стеријино Позорје во Нови Сад, Србија. Честитки од срце“, стои во соопштението на Битолскиот театар.Имено Грибовска Илиевска ја освои наградата од фондот „Дара Даринкса Чалениџ“,за улогите на малата сестра, Алиса, Снежана и Марика во претставата Брод за кукли на Милена Марковиќ, режија Кокан Младеновиќ. Жирито во состав Дејан Средојевиќ, претседател, Марта Береш, Ирена Поповиќ Драговиќ, Душан Љуштина и Јанко Љумовиќ, едногласно ја донесоа одлуката за наградата. Фестивалот оваа година се одржуваше од 26.мај до 2.јуни и седум претстави беа во конкуренција. „Брод за кукли“ е приказна за една или сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија за неостварени бајки.Во битолската претстава покрај Сандра играат и: Викторија Степановска-Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска-Дранговска, Валентина Грамосли и актерите Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.

Превод од српски и драматург: Билјана Крајчевска, сценограф: Валентин Светозарев, костимограф: Александра Пециќ – Младeновиќ, композитор: Димитар Андоновски, кореограф: Андреа Кулешевиќ, тон мајстор: Александар Димовски, светло мајстор: Игор Мицевски, видео проекции: Владимир Переловски, Филип Ошавков.Ансамблот на НУ Народен театар-Битола прв пат во Нови Сад настапи во 1977 година со претставата „Свадбата на Мара“ на Владимир Костов во режија на Љубиша Георгиевски, потоа во 1978 година со претставата „Време за пеење“ на Петре М. Андреевски во режија на Слободан Унковски, во 1987 година битолчани ја одиграа „Магна карта“ на Марио Роси во режија на Златко Свибен, а последен пат учествуваа во 1991 година со „Подземна република“ на Јордан Плевнеш во режија на Владо Цветановски.

 

Related Articles