Home » Се е подготвено за годинешното издание на фестивалот „300 Работи, Триста“

Се е подготвено за годинешното издание на фестивалот „300 Работи, Триста“

by culturalchat

Фестивалот „300 Работи, Триста“ е една од поистакнатите културни манифестации во Битола и регионот, која веќе привлекува бројни посетители и учесници. Досега, фестивалот ја имаше честа да прими повеќе од 180 уметници од различни делови на светот, меѓу кои и Р. Србија, Албанија, Франција, Италија, Грција, Шпанија, Чешка, Словачка, Естонија, Финска, Индија, Р. Кина, САД, Канада и други. Оваа богата и разновидна лепеза на уметници ја чини оваа манифестација една значајна културна одредница која го збогатува културното битисување на Битола.

Официјалното отварање на фестивалот ќе биде на 10-ти Август во 20:00 часот со Битолската премиера на филмот „Некрстени денови“ (Ballad of Piargy, 2022), дело на нашиот познат и признат режисер Иво Трајков, во киното Манаки.

На 11-ти Август во Офицерскиот Дом со почеток од 20:00 часот ќе биде промовирана Книгата  – „Прирачник за сценаристот: Водич на писателот за сценарио за документарни и играни филмови“ на Игор Трајковски Фоја, рецензенти Иво Трајкв, Томаш Петрањ, Антонио Митриќески, и  Сашо Кокаланов. Промотор на книгата е нашиот познат актер Марјан Георгиевски. Покрај промоцијата на оваа дело, ќе биде отворена и ликовната изложба – ЛИМИНАЛ, од младата и преспективна авторка, Јана Танчевска. Овој настан музички ќе биде збогатен со музички изведби од Николче Петкоски.

Затварањето на фестивалот ќе биде на 12-ти Август со проекција на  краткометражниот игран филм „Синиот час” на Ана Јакимска во 20.00 часот, во просторот пред Радост. Покрај филмот ќе биде промовирана и книгата – „Колегиумски записник 010“, збирка на литературни дела, фотографии, дизајни и цртежи. Овој зборник е продолжение на низата „Колегиумски записници и тоа: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9. Во просторот ќе има изложба на фотографии, ликовни дела, секако со посебен акцент на младата публика и дебитанските автори. Целиот настан ќе биде музички пропратен со настап во живо на Box Beater.

 

Related Articles