Home » Средношколски хор од Пенсилванија ја пее „Македонско девојче“

Средношколски хор од Пенсилванија ја пее „Македонско девојче“

by culturalchat

Македонскиот средношколец Марко Павловски, кој престојува во САД, го организирал училишниот хор во средно училиште во сојузната држава Пенсилванија да ја изведат песната „Македонско девојче“. Една од најпознатите македонски песни ја изведуваат повеќе од 40-тина американски средношколци.

Павловски, кој е од Скопје, е дел од YES програмата, која им овозможува на средношколци од Македонија да поминат една учебна година во САД, со целосна стипендија обезбедена од Американскиот Стејт Департмент. Секоја година, програмата одбира помеѓу 15 и 20 македонски средношколци преку селективен процес што се одвива во неколку фази.

Преку овој настан, Марко успеа го изгради мостот помеѓу неговите корени и неговата нова заедница во Пенсилванија.

Видео: Сакам да кажам.

 

 

 

 

Related Articles