Home » Талентираниот битолчанец Алексеј Белевски го освои Њујорк

Талентираниот битолчанец Алексеј Белевски го освои Њујорк

by culturalchat

Алексеј Белевски – V одд. од класата по пијано на проф.м-р Марија Шамоска Буџаковски од Државното музичко училиште од Битола, е добитник на прва награда и златен медал на Интернационалниот натпревар за млади музичари во Њујорк, САД. Во силна конкуренција на учесници од 16 држави ширум светот, оценуван од 12 члена еминентна комисија на врвни пијанисти од САД, Австрија, Германија и Кина, младиот Алексеј беше избран да настапи на концертот на победниците во светски познатата сала Carnegie Hall во Њујорк.Алексеј е V – то одд. во ОУ „Стив Наумов“, кај наставничката Даниела Јовановска. Тој започна да свири пијано на 8 години во класата на проф.Марија Шамоска Буџаковски, има настапувано во Македонија, Србија, Италија, Америка. Неговиот прв натпревар беше во Белград и тоа натпреварот „Даворин Јенко“ во 2022 каде освои специјална награда и 100 поени во неговата категорија. Од тогаш па до денес ги доби следните награди: 2022- Прва награда на Државниот натпревар во Скопје, 2022 – Прва награда на Охридски бисери во Охрид,

2022- Специјална награда 100 поени Сирмиумфест Србија,

2023 – Специјална награда 100 поени Државен натпревар Битола,

2023 – Втора награда Меѓународен натпревар Италија.

Related Articles