Home » „Татко ми Босфор“ добива превод на турски

„Татко ми Босфор“ добива превод на турски

by culturalchat

Пред една година, беше промовирана најновата книга на младиот и талентиран Јован Илиески, „Татко ми, Босфор” во издание на издавачката куќа „Антолог“.

Истата имаше промоција во Скопје и во Тетово. Една година подоцна, романот е во рацете на Karina Yayınevi, една од најеминентните издавачки куќи во Турција.

„ За само некој месец, „Татко ми, Босфор” ќе ја види светлината во неговиот роден град, а јас ќе бидам најсреќниот човек на светот! Малку е што и да напишам. Од првиот пат кога стапнав во тој град, знаев дека имам приказна да раскажам и на мојата земја и на цела Турција“, ни рече Илиески и додаде: „ Се работи за нешто што го чекав одамна со години и сега конечно се остварува. Не знам колку пати требаше да заминам во Истанбул, за конечно да ми се случи преводот на турски јазик“.

Преводот ќе излезе токму за Нова Година од еминентната турска издавачка куќа Карина. Тоа ќе биде совршен старт за Илиески за следната 2024та година. Го запрашавме дали е ова прв превод на негова книга на странски јазик.

„ Да. Ова е мој прв превод и со овој чекор прв пат излегувам на интернационалната книжевна сцена“, изјави Јован.

Сеуште под импресии од убавите новости ни рече: „ Чувството е повеќе од беспрекорно и исполнувачко. Немам зборови што можат да ми ја пренесат радоста. Се случува еден од моите животни соништа и тоа во една од моите омилени земји. Не ми се верува дека последниот пат кога бев во Истанбул, беше последниот пат како турист. Отсега, нивни автор“.

За следните планови изјави:

„ Искрено, сакам да го доживеам преводот достојно и целосно да се посветам на тој процес. А во меѓувреме, спремам седма книга која прво ќе излезе на домашниот пазар и со таа книга ќе ставам круна на досегашното творештво. Не можам да си верувам и на себе дека ова навистина ми се случува“.

А приказната во книгата оди вака:

На самиот крај од XIX век и почетокот на XXI век, некаде помеѓу современиот свет и почетокот на падот на Османлиската држава, се случуваат две, навидум различни приказни. Камила Џалал е посветена детективка која ќе го преврти Истанбул за да ја најде причината за смртта на нејзиниот сопруг. Но, Камила Џалал е и девојка која по низа несреќни случаи во нејзиниот живот почнува да станува блиска со луѓето околу султанот во сарајот Јилдиз. Додека се приближува крајот на династијата и соборувањето на султанот Абдулхамид од престолот, на другата страна од времето, Босфор трага да го најде чудовиштето зад серија убиства коишто ја згаснаа светлината на градот. Што имаат заедничко девојките со исто име? И двете живеат за едно нешто. Да ѝ најдат смисла на смртта…

Јован претходно ги напиша: „Соба 610“, “Душа на парче хартија”, “Кругот на животот”, “Сенки на полноќ” и “Ноќта кога ја напуштив Прага”.

 

 

 

 

Related Articles