Home » Црногорскиот актер Славко Калезиќ дел од Фестивалот на монодрама

Црногорскиот актер Славко Калезиќ дел од Фестивалот на монодрама

by culturalchat
Натпреварувачката програма на годинешното издание на Фестивалот на монодрама во Битола ја отвори претставата на Народен Театар Подгорица, Црна Гора, „Храна за душа“. Оваа монодрама е независен проект адаптиран, режиран и изведен од страна на Црногорскиот актер Славко Калезиќ, која се базира на истоимениот роман на Жана Полиаков.Тоа е театарски перформанс кој на наубав можен начин го прикажува “сензационалниот вовед во среќен живот”- како што авторката и самата напиша. Адаптацијата, драматизацијата и режијата се комплетно во рамнотежа со моменталната ситуација. Таа е материјал кој е совршен за надминување на тешкотиите кои пандемијата ни ги наметна. “Душевна храна” е подарок за жените кои немаат храброст да одолеат на плитките оптествени рамки; се залага за ослобододување на жените од насилство, сексизам, и традиционални женски улоги (домаќинка, сопруга, мајка, сексуален предмет) и прифаќање на жените како комплетни индивидуи. На претставата присуствуваше и почесниот конзул на Црна Гора во Битола, Мики Андријашевиќ. Фотографии: Диоген Хаџи Коста Милевски

Related Articles