Друштвото на ликовни уметници на Македонија на денешното вонредно годишно собрание за нов Претседател на ДЛУМ ја избра ликонвата уметница Јана Манева Чупоска.
![](https://www.culturalchat.org/wp-content/uploads/2022/06/IMG-8215-1024x619.jpg)
Јана манева Чупоска 1996 год. дипломира сликарство во класата на проф. Симон Шемов. Специјалистички студии по сликарство и рачна обработка на стакло завршува на Високата школа за примененат уметност во Прага. Во 2006 год. станува магистар по уметност. 2009 год. запишува докторски студии и станува Доктор од областа на етнологија и дизајн.
![](https://www.culturalchat.org/wp-content/uploads/2022/06/IMG-8216-1024x603.jpg)
Член на ДЛУМ од 1997 год. активна во учество на самостојни и групни ликовни излагања на домашната и меѓународна ликовна сцена. Авторка на книги од областа на ликовната уметност и дизајн. Има објавено меѓународни трудови во научни зборници од областа на ликовната уметност и дизајн. Кураторка на ликовниот проект „Фемина 8“. Редовен Професор на високо образовна институција и факултет за арт и дизајн. Менторка на студенти за одбрани на повеќе дипломски и магистерски трудови. Учествува на семинари од областа на ликовната уметност и дизајн со сопствени излагања во Скопје, Белград, Дизелдорф, Париз, Прага, Загреб и др.
Новиот Претседател на ДЛУМ, Јана Манева Чупоска ќе раководи со Друштвото во период помеѓу 2022 и 2026 година.